Општина Центар нема да се откаже од мораториумот

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција во општината изјави разочарување во однос на одлуката што беше донесена од страна на Уставниот суд за времена мерка за укинување на таканаречениот мораториум за градба во општина Центар.

– Неизвршувањето на плановите, односно мораториумот беше во интерес на граѓаните и имаше силна поддршка од нив, поради тоа ја сфаќаме нивната револтираност по објавувањето на одлуката – изјави градоначалникот Богдановиќ.

Тој рече дека се уште не ја добиле официјално одлуката од Уставниот суд и дека кога тоа ќе се случи, тогаш ќе ги најави чекорите што ќе бидат преземени од општината. Градоначалникот апелираше до Уставниот суд за 30 дена да ја преиспита својата одлука, а ги повика коморите да ја повлечат иницијативата што ја имаат доставено до судот.

– Во моментов со правниот тим на општина Центар и со одредени стручни лица кои ги консултираме ги разгледуваме можностите што ќе ни бидат на располагање откако официјално ќе ја добиеме одлуката и воедно тогаш и ќе и ги најавиме на јавноста – соопшти градоначалникот Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот