Огромна казна: Гугл мора да плати 1,5 милијарди евра

Антимонополските регулатори на ЕУ му изрекоа казна на Гугл во висина од 1,49 милијарди евра, поради злоупотреба на доминантната позиција во онлајн-огласувањето.

Ова е веќе трета казна за американската компанија во последните две години, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Регулаторните органи на ЕУ минатата година исто така го казнија Гугл со рекордни 4,34 милијарди евра, бидејќи оперативниот систем андроид Гугл го користел за блокирање на ривалите.

Таа казна следуваше по казната од 2,42 милијарди евра од 2017 година, изречена на истата компанија поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот