Никогаш „Северна” и маички од 300 денари

Претставниците на најбројната навивачка група на Вардар, „Комити Скопје”, преку социјалните мрежи ги известија своите членови дека на утрешниот натпревар со Работнички тие ќе го бодрат својот тим од „спроти Јужната трибина”.

Во коминикето, „комитите” посочуваат дека имаат аверзија од новото уставно име на државата, па затоа немаат намера да ја користат придавката Северна во ниту една можна прилика.

– На натпреварот со Работнички каде формално сме гости, ќе бидеме лоцирани на „трибината СПРОТИ ЈУЖНА”. Поради аверзија од фактот дека сме под окупација, нема да споменеме која е трибината. Додека се градеше нашиот Запад, цела сезона бевме на таа трибина, делот до Западната трибина. Таа трибина од овој натпревар ја преименуваме во „Спроти Јужна” во нашата комуникација и одлуката стапува на сила првиот натпревар кога Вардар ќе биде домаќин на нашиот „Градски” – се вели во соопштението на навивачката група, а во продолжение се открива и дека поради големиот интерес, кај фонтаната во Градскиот парк непосредно пред почетокот на дуелот со Работнички ќе се продаваат новите фан-маички по цена од 300 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот