На Ракитиќ не му се оди од Барселона
Шпанскиот шампион Барселона одлучи да го стави Иван Ракитиќ на трансфер листата и за неговите услуги бара 50 милиони евра. Со ангажманот на Френки де Јонг од Ајакс, хрватскиот репрезентативец ќе го загуби местото во првата постава на Барселона и затоа челниците на клубот одлучија да заработат на него.
Сумата од 50 милиони евра која ја бара Барселона е прифатлива за екипите кои се најзаинтересирани за неговите услуги, Манчестер јунајтед, Интер и ПСЖ, а доколку летово остане без Миралем Пјаниќ во трката за неговиот потпис ќе се вклучи и Јувентус.
Но, самиот фудбалер има поинакво мислење од управата на шпанскиот шампион.
– Тоа што јас го сакам е да уживам на теренот, и тоа и го правам. Се радувам што по натпреварите играчите ми честитаат за прикажаното на теренот. Потоа, ако во клубот се задоволни со мене, ќе разговараме, ако не се, повторно ќе разговараме но на поинаков начин и готово. Веќе неколку пати реков дека сум задоволен и среќен сум што играм за клуб како Барселона. Се надевам дека ќе играм во овој клуб уште многу години – изјави Ракитиќ.