Над 600 граѓани и компании трчаа на хуманитарната трка „Run for Down”

Трка за правата на лицата со Даунов синдром / Фото: Принтскрин МИА

Над 600 хумани граѓани и тимови од компании денеска заедно со дечињата со Даунов синдром и нивните семејства се приклучија кон хуманитарна трка „Run for Down” што ја организираше Мечувалечкиот клуб „Ескрим”.

Трката се одржува четврта година по ред, а собраните средства ќе бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром.

Претседателката на Мечувалечкиот клуб „Ескрим” Билјана Николовска-Кумановска изрази задоволство од годинашниот одѕив на учесниците.

– Оваа година, неочекувано имаме одличен одѕив на нашите хумани граѓани и на многу општествено одговорни компании кои дојдоа во голем број да дадат поддршка на настанот, изјави Николовска-Кумановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот