Мбапе еден ден сигурно ќе го облече дресот на Реал Мадрид

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Новинарот на францускиот весник „Ле Паризиен“ Жулиен Лорен тврди дека Килијан Мбапе сигурно еден ден ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Според неговите информации, шансите ова лето 20-годишниот фудбалер на ПСЖ да се пресели на „Сантијаго Бернабе“ се еднакви на нула, бидејќи челниците на францускиот тим не сакаат така лесно да се откажат од услугите на најталентираниот фудбалер во светот.
Пазарната вредност на Мбапе изнесува помеѓу 250 и 300 милиони евра, а првата понуда од Реал Мадрид во висина од 280 милиони евра е одбиена.

„Бидете сигурни дека Мбапе еден ден ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Оваа година нема да се случи трансферот но големи се шансите работата да биде завршена 2020 година“ напиши Лорен во својата колумна за „Ле Паризиен“.

Лорен смета дека на раководството на Реал Мадрид ќе му биде потребно време да најде заеднички јазик со челниците на ПСЖ и голема е веројатноста младиот француски репрезентативец да се пресели во Мадрид во 2020 година и тоа за рекорден трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот