Македонија во добра атмосфера го очекува деулот со Словенија во квалификациите за ЕП 2020

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентацијана Македонија вечерва го игра својот втор натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020 на гости против Словенија.

Националниот тим успешно ги започна квалификациите, откако во четвртокот на Градскиот стадион во Скопје остварија победа со 3:1 над Летонија.

Селекторот Игор Ангеловски на пресот пред вечерашниот натпревар изјави дека во тимот владее одлична атмосфера по стартната победа против Летонците, како и дека се подготвени за претстојниот дуел. Репрезентативците вчера го одржаа официјалниот тренинг на стадионот во главниот град на Словенија.

Поради повреда на дуелот во Скопје против Летонија, од списокот за настап испадна Ферхан Хасани, а Ангеловски на негово место не повика друг играч.

– Имавме време да се одмориме и подготвени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча утре, но нормално нема да го кажам сега, затоа што тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите. Наша интенција е да влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Од тоа што сме анализирале Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контра-напади. Но ние ќе излеземе на терен да си ја играме нашата игра. Се среќаваат две добри репрезентации и очекувам натпреварот да биде неизвесен. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го матријализираме утре на терен, изјави вечерва Ангеловски синоќа.

Македонија е на чело на табелата во групата „Г” со 3 поени и подобра гол-разлика од Полска, која во првото коло оствари минимална победа од 1:0 во дербито против Австрија.

Мечот се игра на стадионот „Стожице” во Љубљана од 20,45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот