„Кралска“ понуда за Мбапе

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Зинедин Зидан првиот чекор во обновата на Реал Мадрид планира да го направи во нападот и е подготвен да го собори светскиот рекорд само за да дојде до Килијан Мбапе.
Според „Франс фудбал“, Реал во најскоро време ќе достави понуда тешка 280 милиони евра за напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација.

Зидан во вториот мандат на клупата на Реал Мадрид сака да има нов напаѓач на располагање на местото на Карим Бензема и се одлучи тоа да биде уште еден француски репрезентативец.  За да успеат во намерата Зидан и Реал ќе мора да го соборат светскиот рекорд кој го држи ПСЖ кога на Барселона ѝ плати 222 милиони евра за Нејмар.
Оваа сезона Мбапе настапи на 35 натпревари за ПСЖ, постигна 31 гол и оствари 15 асистенции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот