Кочанец им подлегнал на повредите, здобиени од физички напад од внукот

Шеесет и шест годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), починал вчера околу 13:00 часот во Клиничката болница Штип.

Како што соопшти МВР, на С.М. од страна на внукот му биле нанесени повреди со метален предмет и камен во пределот на главата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот