Како изгледа животот во вила на еден гувернер

Гевин Њусом неодамна станал гувернер, што значи дека тој и неговото семејство мора да се преселат таму каде што се извршува функцијата, што во овој случај е Сакраменто, престолнина на државата. Со самото тоа, тој одлучил да ја продаде својата елегантна вила со пет спални соби во Сан Франциско. Нејзината цена изнесува 5.995 милиони долари.

50-годишниот градоначалник на Сан Франциско и неговата сопруга која се занимава со снимање на документарни филмови, Џенифер Сибел Њусом, купиле двоспратна куќа во 2011-та година, по цена од 2.2 милиони долари.

Сместена на површина од 1.37 хектари, на мала оддалеченост од градот, куќата е дизајнирана од страна на славниот архитект Ворлеј К. Вонг и е компелтирана во 1950-та година. Благодарение на своите прозори од подот до покривот, оваа куќа ви дава прилика да уживате во панорамската глетка на градот, заливот и планината Тамалпаис.

Додека била во сопственост на гувернерот и неговата сопруга, куќата поминала низ два екстензивни процеси на реновирање, при што последното било предводенo од архитектот на славните, Џули Даулинг. Сега, оваа куќа има елегантни линии, стаклена површина, како и современа сива и бела боја. Нејзината кујна и шесте бањи се како море со бела боја, иако изгледот на кујната е ублажен со под од богат даб.

Со четири деца под 10 години, јасно е дека ова била вистинска семејна куќа, со соби кои се опремени со кревети на спрат, колевки и плишани играчки.

Во екстериерот, густата жива ограда и возвишената позиција на куќата допринесуваат за чувство на приватност и ќе ви дадат можност за уживање во базенот и спа катчето, видиковецот и камперскиот оган, без страв дека ќе ве гледа некој кој не треба.

Њусом инаку е страствен поддржувач на обновливите извори на енергија, па неговата куќа содржи соларни панели кои го покриваат поголемиот дел од покривот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот