И Фиорентина влезе во трката за Елмас

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Италијанската Фиорентина е последниот тим кој пројави сериозен интерес за ангажирање на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Според италијанските медиуми Фиорентина има подготвено 15 милиони евра за да му понуди на Фенербахче за услугите на младиот фудбалер.

Елиф Елмас повторно влезе во нотесите на голем дел од европските екипи со двата одлични настапи за македонската фудбалска репрезентација изминатиот викенд. Во победата од 3:1 над Летонија, Елмас учествуваше со два гола, додека во ремито од 1:1 на гостувањето кај Словенија беше еден од најдобрите поединци на теренот. Италијанскиот тим е последниот кој влегува во трката за потписот со Елмас, а втор од Серија А откако од зимава Лацио сериозно му фрли око на Елмас.

Елмас во Фенербахче замина од скопски Работнички во летото 2017 година и тоа за тренинг-компензација, а сега турските медиуми најавуваат дека Фенербахче нема намера да ги разгледува понудите кои ќе бидат помали од 25 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот