Изложба „Портали 2019“ во Музеј на град Скопје

Во четврток 21.03.2019 год. во 20:00ч. во Музеј на Град Скопје се отвора изложбата Портали 2019, со која започнуваат активностите на CreArt мрежата за креативни индустрии во Градот Скопје.

На Европскиот ден на уметничка креативност под насловот Портали ќе се претстават младите уметници: Ана Јовановска, Филип Ивановски- Пепе, Александра Ацеска, Ивана Мојсовска, Кристијан Јованоски, Ива Становска, Тамара Антевска Бајдевска, Игор Таневски и Кристијан Тодоров.

Заради различните пристапи на авторите на 28.03.2019 год. во 19:00ч. во истите простории на Музеј на град Скопје ќе има промоција на каталогот од изложбата, разговор за уметноста и презентации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот