Зидан го сака Мане по секоја цена во Мадрид

EPA-EFE/PETER POWELL

Зинедин Зидан и Реал Мадрид подготвуваат нова понуда до Ливерпул за услугите на напаѓачот Садио Мане. Зидан сакаше и минатото лето да го донесе Мане во Мадрид, но целиот трансфер пропадна поради неговото заминување.

Шпанска „Марка“ објави дека Зидан и претседателот Перез се подготвени на Ливерпул да му понудат 73 милиони фунти за Садио Мане.

Сенегалецот е еден од најдобрите фудбалери во таборот на Ливерпул сезонава, откако во сите натпреварувања има постигнато 20 гола. Од англискиот гигант ќе се обидат да го продолжат договорот со Мане на нови четири години, со што би го задржале Сенегалецот во своите редови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот