Затворен сообраќај за дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува граѓаните дека од денеска 20.03.2019 година, среда, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот, целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски Карпош, на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат униформирани полициски службеници или други овластени службени лица. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот