Елмас: Словенците ни се извлекоа

EPA/GEORGI LICOVSKI

Младиот репрезентативец кој ги одигра сите 90 минути за Македонија на вчерашниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020, Елиф Елмас, смета дека „црвено-жолтите“ требаше да ги освојат трите бода. Македонија успеа да се врати по негативата од првото полувреме и со голот на Енис Барди во 48. минута да дојде до скапоцен бод.

– Одигравме квалитетен натпревар и според прикажаната игра, мислам дека заслуживме и повеќе од бод. Имавме неколку изгледни шанси, но, за жал, не успеавме да ги реализираме. Словенците ни се извлекоа, но ќе ги победиме во Скопје. По две кола имаме четири бода и сè уште имаме големи амбиции да ја оствариме нашата цел, пласман на ЕВРО 2020 – смета Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот