Гулаб писмоносец продаден за 1,25 милиони евра

Илустрација

Тркачки гулаб писмоносец е продаден за рекордни 1,25 милиони евра. Тркањето гулаби е популарен спорт меѓу кинеската елита.

Гулабот се вика Армандо, а неговиот првичен сопственик никогаш не мислел дека ќе го продаде за толкава сума, иако бил свесен дека се работи за шампион.

Онлајн аукцијата траела две недели и во последните моменти, анонимен учесник ја покачил својата понуда за 100.000 евра, пред да биде победен за дополнителни 2.000. Конечната понуда изнесувала 1.252.000 евра, со што бил надминат рекордот од 2017 година, кога кинески бизнисмен платил 400.000 евра за гулаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот