Грција и Македонија се преплавени од лажни вести за Преспанскиот договор

Специјално од Атина, Митко Билјаноски

 

Непријател – Македонскиот министер Роберет Поповски оцени дека „лажните вести се заеднички непријател на трендот на помирување на земјите од Западен Балкан и нивната европеизација”, а министерот Дамјан Манчевски додаде дека крајниот производ на лавината лажни вести беше апатијата кај граѓаните и слабиот одѕив на референдумот од македонската страна амплитудата на лажните вести била во времето на референдумот за Преспанскиот договор, а и на грчката јавност, главно преку социјалните медиуми, ѝ биле сервирани низа лаги и дезинформации.

Вистината, транспарентноста и одговорноста на медиумите се најсилните оружја во борбата против инвазијата на лажните вести, кои не го одминаа ни Преспанскиот договор. Ова денеска беше истакнато на конференцијата во Атина „Лажните вести и Преспанскиот договор” организирана од министерствата за информирање на Грција и на Северна Македонија.

– Ако се доделува „Нобелова награда за лажни вести”, ќе има многу кандидати, и од нашата земја и од вашата – порача грчкиот министер за информации Никос Папас, отворајќи ја конференцијата, на која учествуваа и македонските министри Дамјан Манчевски и Роберт Поповски, како и експерти за оваа област и новинари од двете земји.

Притоа беше истакнато дека од македонската страна амплитудата на лажните вести била во времето на референдумот за Преспанскиот договор, а и на грчката јавност, главно преку социјалните медиуми, ѝ биле сервирани низа лаги и дезинформации – дека има договор „под маса”, дека Турција нема да го прифати името Северна Македонија, дека Русија во Советот за безбедност на ОН ќе го блокира Преспанскиот договор, па дури и апсурдни измислици дека македонските рибарски бродови ќе добијат дозвола да риболоват во Егејско Море.

– Некои на ова ќе се смеат, но многумина веруваат во овие вести. Во умовите на овие луѓе е дека договорот го негира наследството на античка Македонија, а вистина е спротивното. Мора да се погрижиме да спречиме луѓето да станат жртви на овие лажни вести – изјави министерот Папас.

Македонскиот министер Роберет Поповски оцени дека „лажните вести се заеднички непријател на трендот на помирување на земјите од Западен Балкан и нивната европеизација”, а министерот Дамјан Манчевски додаде дека крајниот производ на лавината лажни вести беше апатијата кај граѓаните и слабиот одѕив на референдумот.

– Се ширеа вести дека владата го крие текстот на Преспанскиот договор. Селективно беа избрани сегменти, на кои им беа додавани шпекулации како факти. Зад ова стоеја луѓе што лично ги познаваме. Меѓу нив беа и новинари – изјави Манчевски.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос истакна дека лажните вести потхрануваат национализам.

– Велат дека сме го дале името Македонија. Истото е и од другата страна. Сте го подариле името, а ни едно не е вистина. Тоа е парадоксот на национализмот. Селективно презентирање вести, само половина вистина. Лажните вести се врв на сантата. Вистинското прашање е зошто луѓето им веруваат. Тоа е непријателот на пријателството и солидарноста. Мора да дејствуваме против ова, оти иднината ќе биде темна – посочи Ѕанакопулос.

Заменик-министерот за информирање Лефтерис Крецос посочи дека лажните вести „отсекогаш биле тука, а разликата е сега што се главни, а не исклучок”. Мора да имаме медиумска писменост. Да ги образуваме и остручиме младите да разликуваат лажни од вистински вести. Треба да ја зајакнеме транспарентноста и одговорноста. Треба да ја вратиме довербата во медиумите – изјави Крецос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот