Горпишин две години во Вардар

Рускиот ракометен репрезентативец Сергеј Горпишин во наредните две години ќе биде дел од македонскиот шампион Вардар. Тој доаѓа од редовите на германскиот бундеслигаташ Ерланген. Горпишин кој игра на пикерската позиција во Вардар доаѓа како замена за Бразилецоц Рожерио Мораес.

– По Светското првенство во јануари годинава добив понуда од Вардар, а тоа е шанса која не се пропушта. Можам искрено да признам дека не го очекував ова, не бев спремен за таков пресврт на настаните. Благодарен сум што таков голем клуб ми обрна внимание. Кога ќе ве покани таков голем клуб, неодамнешен победник на Лигата на шампионите, треба да вложите максимални напори да ја искористите шансата, изјави Горпишин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот