Горбок: Полно ми е срцето

EPA/Anders Kjaerbye

Екипата на Вардар по шест пат едноподруго обезбеди пласман во ракометната Лига на шампионите откако и во реваншот славеше над Загреб.

Иако сите дилеми околу патникот меѓу осумте најдобри во ЛШ беше решен по првиот натпревар, Вардар со 32-30 славеше и пред своите гледачи, а натпреварот по обележа и повратникот Сергеј Горбок.

Тој се врати на терените по пауза од шест и пол месеци поради рехабилитацијата од оперираните предни вкрстени лигаменти.

– Благодарам на Загреб за два добри натпревара. Тие не беа толку добри во првата, но вечерва беа одлични. Ние бевме подобри во првото полувреме, добро влеговме во мечот, но во второто полувреме нешто не одеше. Важно е дека победивме, дека задоволна е и публиката, а и ние. Јас многу работев на тоа да се вратам на теренот. Разговарав со тренерот и тој имаше впечаток дека сè одеше добро и решивме да играме. Полно ми е срцето затоа што успеав да придонесам малку за оваа победа на Вардар – изјави Горбок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот