Глумел во ,,Пирати од Карибите”, па заминал на боиштата во Сирија (ВИДЕО)

Енрајт веќе две години не може да се врати во САД , како ни во Британија , каде што е роден.Тој сега има 55 години , а на 19 годишна возраст заминал во Лос Анџелес за да биде актер. Пред четири години и се приклучил на курдската милиција за да им помогне да ја победат Исламската Држава . Тој живее во Мексико, од каде покренал кампања ,,Да го вратиме Мајкл дома” и моли за помош и можност за враќање во САД.

Пред две години заминал од Сирија и сега чека да му дозволат да влезе во САД. Во Британија нема намера да се врарти , зашто смета дека ќе го затворат како учесник во војна во странство.  Тој пред две години се обидел преку Мексико да се врати во САД , но таму го задржале шест недели , кога разбрале дека бил во Сирија.

Потоа го префрлиле во Британија , каде го испитувале службеници од Минситерството за безбедност на САД. Му рекле дека ќе му дозволат да се врати , доколку им помогне да ги фатат ,,лошите момци” .

Затоа во 2016 повторно се вратил во Сирија и собрал разни информации , а помагал и при испрашувањето на џихадистите од ИД , кои биле американски , австралиски и канадски државјани.

Во ноември 2017 последен пат ја напуштил Сирија , но и натаму му е забранет влезот во САД. Тој заедно со Џони Деп играше во филмот ,,Пирати од Карибите” ,а со Том Круз во ,,Ноќ и ден”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот