Германската полиција уапси две лица за снимање и дистрибуција на детска порнографија

Фото: Илустрација

Германската полиција денеска соопшти дека во баварскиот град Вирцбург уапсила две лица осомничени за снимање и дистрибуција на детска порнографија.

Осомничените на „даркнет“ дистрибуирале материјали на кои се прикажани момчиња.

Истражителите соопштија дека еден од осомничените бил поврзан со Центар за грижа за децата, но не открија повеќе детали.

Oсомничените се уапсени откако полицијата извршила претрес во Центарот за грижа за децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот