Во велешко активни неколку шумски пожари

Фото: Принтскрин МИА

Уште еден шумски пожар над месноста викана „Неделна вода” во Велес изби утрово во 9:30 часот, каде гори нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето се вклучени екипи од ШС „Бабуна” и Територијалната Противпожарна Единица од Велес.

Од ТППЕ Велес, за МИА информираат дека се уште гори нискостеблестата дабова шума и над Манастирот кај село Оморани што избувна вчера попладне, а во гаснењето се вклучени екипи од Шумското стопанство „Бабуна” од Велес.

Пожар има и во реонот на велешките села Џидимирци и Иванковци, а зафатена е и површина од скопска страна поради што, освен велешки, вклучени се и пожарникари од ТППЕ од Скопје како и вработени од ЈП „Македонски шуми” од Скопје.

Екипи на ШС „Бабуна” од Велес работат на целосно газнење на пожарот кај село Каласлари во кој гореше квалитетна борова шума.

– Пожарот избувна во петокот, а беше локализиран вчера напладне со екипа на ТППЕ од Велес, но нашите екипи од ШС „Бабуна” од Велес вчера, ноќеска и денеска се уште се на терен и работат на негово целосно ликвидирање, информира за МИА Љубинка Попова, директор на ШС „Бабуна” од Велес.

Во овој голем шумски пожар изгореа околу 50 хектари квалитетна борова шума, а во негово гаснење беа вклучени и два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот