ВМРО-ДПМНЕ: Син на висок советник на Оливер Спасовски избодел полицаец

Фото: Принтскрин YouTube

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека МВР под раководството на министерот од СДСМ Оливер Спасовски го допрело дното.

– Според инфомациите кои ги објавија медиумите, син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избодел полициски службеник – изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Службеникот бил однесен на комплексот Клиники и бил во животна опасност.

– Полицаецот сеуште е во животна опасност а за да го спасат докторите морале да му извадат еден бубрег и слезина – објаснува Ѓорѓиевски.

Тој вели дека ова е вистински одраз на хаосот што владее во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот