Вкупно 13 загинати при уривање на казахстански воен хеликоптер

Хеликоптер фото МИА

Вкупно 13 лица загинаа денеска при уривање на казахстански воен хеликоптер за време на воена вежба.– Хеликоптер на Министерството за одбрана се урна во регионот Кизилорда.

Екипажот на хеликоптерот загина. Наредив започнување истрага. Мое сочувство до семејствата на загинатите.

За нив ќе биде обезбедена материјална помош, објави на Твитер казахстанскиот претседател Касим-Жомрат Токаев.Казахстанското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерот од типот Ми-8 се урнал за време на лет од градот Актау во западен Казахстан кон Шимкент на југоистокот на земјата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот