Верстапен: Одлично е чувството да се биде подобар од Ферари

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

На првата трка од Формула 1 шампионатот, возачот на Ред бул беше побрз од двата болиди на Ферари.
Стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот донесе очекуван триумф на Мерцедес, но и неочекувани резултати за главните конкуренти на германскиот тим. Додека расположението во Ферари од освојувањето на чевртото и петтото место носи главоблки за челниците, во Ред бул е сосема спротивно расположението. Макс Верстапен имаше одлична трка на патеката во Мелбурн освојувајќи го третото место.

– За Ред бул беше исклучително пријатно што можеше да ги надминат болидите на Ферари на патеката. Но имаме уште простор за напредок, вели Верстапен.

Успехот на првата трка на Ред бул добива на тежина со тоа што од сезонава, тимот користи мотори на Хонда.
– Ова симна дел од притисокот врз нас – изјави Тојохару Танабе, техничкиот директор на Хонда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот