Вардар со убедлива победа на гостувањето во Загреб

Фото: РК Вардар

Екипата на Вардар вечерва славше убедливо на гостувањето кај ППД Загреб со 18:27 (6:14) во првиот дуел од осминафиналето на ракометната Лига на шампиони. По вечерашната победа во „Арена Загреб”, „црвено-црните” веќе се со една нога во четвртфиналето.

Вардарци вечерва беа расположени за игра, а резултатот од +8 на полувремето го покажа токму тоа. Домаќините се обидуваа да го сопрат налетот на македонскиот тим, но сепак немаа лек за добрата игра Криштопанс, Карачиќ, Дибиров, Мораеш…

Предноста продолжуваше да расте во второто полувреме, а во 50-та минута од мечот таа беше двоцифрена (15:25). До крајот тимот од Загреб успеа да ја намали таа разлика на -9 (18:27), но по овој резултат неможат да очекуваат чудо и пласман во следната фаза.

Најефикасни кај „црвено-црните” со пет погодоци беа Криштопанс и Карачиќ, а четири имаше Мораеш. Милосављев на голот се истакна со 14 одбрани.

Во редовите на домаќините се истакна Мандиќ со пет гола. Реваншот ќе се одигра по седум дена во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот