Брз и евтин ручек: Совршен пилешки ѓувеч за целото семејство

Потребни намирници:

– околу 300 гр мешавина за ѓувеч

– 500 гр пилешко бело месо

– 1 голема шолја ориз

Подготовка:

Белото месо исецкајте го на коцки. Ставете го да се динста на малку масло околу 15 минути на слаб оган. Потоа додадете му го зеленчукот за ѓувеч. Додека тоа се динста измијте го оризот. Потоа додадете го и оризот во месото и зеленчукот. Налејте со вода (3 шолји вода), зачинете по ваш вкус и ставете во подмачкан плех. Испечете го во рерна уште околу 30 минути. Ручекот е готов кога водата ќе испари и на врвот ќе се зафати убава румена коричка.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот