Брајант: Поради вакви сезони титулите вредат многу повеќе

Фото: EPA/MARK R. CRISTINO

Лос Анџелес лејкерс и сезонава нема да бидат дел од плејофот во НБА лигата, што е шеста година како не се дел од разигрувањето за титулата. Моментно вториот најтрофеен тим во НБА лигата со 15 титули, има скор од 31 победа и дури 40 порази.

Последен пат, Лејкерси настапија во плејофот во 2013 година, кога тимот го предводеше Коби Брајант.  Легендарниот кошаркар верува дека наредната сезона ќе биде многу подобра, тимот предводен од Леброн Џејмс ќе се пласира во плејофот и ќе се врати во битката за титулата.

– Лејкерс сезонава немаа среќа, имаа толку многу повреди на најдобрите играчи баш кога беа во серија на добри игри, со што ги надминаа очекувањата. Но тогаш дојдоа повредите и сè се промени. Наредната сезона ќе биде многу подобра. Токму поради вакви несреќни сезони титулите вредат многу повеќе, вели Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот