Од Антикорупциска одлучиле за две вработувања, не виделе проблем

На денешната седница на Антикорупциска, претседателката на комисијата Билјана Ивановска вели дека одлучиле за два случаи за тоа дали постои судир на интереси при вработување на роднини на функционери, во јавни претпријатија и институции.

Станува збор за ќерката на пратеничката Емилија Александрова, Сара, за која во медиумите се зборуваше дека се вработила во Фондот за иновации.

Од документацијата што од Фондот за иновации ги доставиле до Државната комисија за спречување на корупција, антикорупционерите увиделе дека ќерката на пратеничката воопшто не ни конкурирала на конкурсот.

Вториот случај кој го затвориле антикорупционерите е наводното вработување на сопругата на градоначалникот на општина Берово, Ѕвонко Пекески. Антикорупционерите се сомневаа дека тој си ја вработил сопругата во општинското училиште, но од Антикорупциска увиделе дека неговата сопруга Лила Пекеска работела со договор за дело во училиштето две години пред тој да стане градоначалник и потоа согласно законот нејзиното вработување било трансформирано во постојан работен однос.

За останатите случаи од комисијата велат дека и понатаму работат.

На новинарско прашање за вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери во ЕЛЕМ, претседателката на комисијата Билјана Ивановска вели дека ќерката на Џафери ги исполнувала сите критеируми, но поради тоа што од ЕЛЕМ сè уште не ја доставиле ранг-листата од конкурсот за вработување, тие и натаму ќе работат на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот