Алдервеид со автогол го остави Ливерпул во трката за титулата (ВИДЕО)

EPA-EFE/PETER POWELL

ЕКипата на Ливерпул ја продолжува трката за шампионската титула во Премиерлигата со Манчестер сити откако во дерби дуелот со Тотенхем славеше со 2:1. Одличувачкиот гол беше дело на дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервеид во 90 минута, кој одбиената топка од шутот на Салах несреќно ја смести во сопствената мрежа. Претхнодно Фирмињо во 16. минута го доведе Ливерпул во водство, додека Лукас Леива во 70. минута израмни на 1:1.

Со оваа победа Ливерпул остана на првото место на табелата со 79 бодови, два повеќе од Манчестер сити кој има и натпревар помалку.

Во вториот натпревар, Челзи со голема помош на судиите како гостин го победи Кардиф со 2:1. Прво за Кардиф не беше досуден очигледен пенал, а израмнувачкиот гол на Азпиликуета беше постигнат од офсајт позиција која судиите не ја регистрираа. Победата ја донесе Лофтус Чик во 91. минута.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот