12 C
Скопје

🔴 ОД МИНУТА ВО МИНУТА I Бајден денес станува претседател: Вашингтон е под опсада на војската

Џо Бајден ќе положи заклетва на церемонија во Вашингтон како 46-ти претседател на САД, по хаотичниот изборен процес во земја која сè уште е поделена со неосновани обвинувања од претседателот во заминување Доналд Трамп за изборни измами.

Церемонијата на инаугурацијата е започната, а Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис ќе положат заклетва напладне. Програмата започнува во 17:30 часот, по наше време.

Церемонијата вообичаено ја следат стотици илјади луѓе во живо, но овој пат се очекуваат многу помалку набљудувачи поради епидемиолошките мерки по епидемијата на коронавирус.

18.15 Прв говор на Бајден како претседател: Денес го славиме триумфот на демократијата

Во својот прв говор како претседател на САД Џо Бајден на Американците и светот му порача дека денеска е ден на Америка, ден на демократијата, ден на историјата и надежта, ден на обновување.

-Америка е на висина на предизвикот. Денес го славиме триумфот на демократијата, рече Бајден.

„Волјата на народот е исполнета. Научивме дека демократијата е кревка, а денес демократијата преживеа”, кажа Бајден на скалите пред Капитолот, непосредно по неговата заклетва како 46. претседател на САД.

Тој призна дека многу луѓе тука во САД и во светот се повредени, под репресија, но сепак, демократија надвладеа.

Потсети на насилството од пред само неколку дена во Капитолот, кога демократијата беше  нападната од невидливото подземје.

Бајден не заборави да му се заблагодари на досегашниот потпретседател Пенс за поддршката и присуството на денешната инугурација.

17.58 Џо Бајден положи заклетва како 46-ти американски претседател

Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил, а пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата обоена и првата жена потпретседател на САД во нејзината историја.

Претходно, церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме првата потпретседателка Камала Харис. Денес се е можно”, рече сенаторката Клобучар, која го најави следниот говорник, како што кажа, нејзиниот драг колега сенатарот Рој Блант.

По двајцата сенатори на говорницата застана и молитва прочита свештенеикот Рој О’Донован, кој порача дека „денеска ги признаваме своите минати гревови и се обврзуваме да се грижиме едни за други, особено за оние на кои им е најтешко”.

Американската химна ја испеа Лејди Гага, инаку, блиска пријателка на новиот претседател на САД.

На церемонијата присуствуваат поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, со сопругите, досегашниот потпретседател Мајк Пенс, како и други високи претставници на политичкиот, економскиот и јавниот живот на САД.

17.33 Евакуација на Врховниот суд во близина на Капитол поради закана со бомба

Во моментов во Вашингтон е во тек евакуација на Врховниот суд на САД поради закана за поставена бомба, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на службено лице запознаено со ситуацијата.

Според телевизијата, присуството на припадници на Националната гарда е драстилно зголемено во последните половина час.

Зградата на највисоката судска инстанца во САД се наоѓа на една улица спроти Капитол, каде што новиизбраниот претседател Џо Бајден за помалку од еден час ќе положи заклетва, на пред Капитол веќе има насобрано високи гости.

16.56 Сопружниците Обама и Клинтон пристигнаа во Капитол

Во Капитол пристигнуваат гости, а таму веќе се Барак и Мишел Обама, како и Бил и Хилари Клинтон.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Церемонијата вообичаено во живо ја следат стотици илјади луѓе, но овој пат се очекуваат многу помалку набљудувачи поради епидемиолошките мерки во епидемијата на коронавирусот од кој досега починаа повеќе од 400.000 Американци.

Бајден на Твитер објави дека денеска е нов ден во Америка. Трамп му остави порака на Бајден во Белата куќа, но содржината на пораката не е објавена.

15.49  Најконтроверзниот претседател во историјата на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ја напуштија Белата куќа денес околу 14 часот.

Тие летаа со хеликоптер до базата Ендрјус во Мериленд, каде Трамп го одржа својот проштален говор. По напуштањето на Белата куќа, Доналд и Меланија прелетаа над градот пред да пристигнат во базата. Американските медиуми пренесоа дека вој потег што не е обичај, бидејќи претседателите во заминување го прават тоа само кога новиот претседател ќе даде заклетва.

По слетувањето во базата Трамп, го пречекаа ќерката Иванка и другите блиски членови на семејството. Трамп побара при слетувањето да биде пречекан со музика. И оваа желба му беше исполнета. Тој и Меланија беа пречекани со громогласен аплауз. Трамп им се заблагодари на сите што дојдоа да го испратат и рече дека ги сака.

– Не разбирате колку ова семејство направи за вас. Можеа да живеат многу поинаку, но ти ви се посветија, вам. Постигнавме многу, нашата прва дама беше многу прекрасна, убава и достоинствена и популарна меѓу народот – рече Трамп.

Меланија во своето обраќање на присутните им рече дека за неа е голема чест да биде прва дама на САД.

– Ви благодарам за вашата љубов и поддршка, ќе бидете во моите мисли и молитви. Бог да ве благослови вас, вашите семејства и оваа земја. Ви благодарам – рече Меланија.

ВИДЕО+ФОТО I Љубов и „срце на терен“: Еве што рекоа Трамп и Меланија во својот проштален говор

13.47 Бајден веднаш ќе потпише 17 извршни наредби со кои ќе се укинат уредби на Трамп

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира да ја почне својата нова администрација денеска попладне со први наредби за враќање на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација, изјавија соработници на новоизбраниот американски претседател.

Бајден ќе потпише 17 извршни наредби неколку часа откако ќе положи заклетва како американски претседател.

– Со тоа ќе се ослободи од политиката на претседателот Доналд Трамп и ќе постави нови насоки за имиграцијата, животната средина, борбата против Ковид-19 и економијата, наведоа соработниците на Бајден.

Прочитајте и...  Д-р Бајрактаров: Зголемен бројот на граѓани кои бараат стручна помош на Психијатрија, состојбата со ковид-19 една од причините

Со потезите од првиот ден, тој ќе стави крај на многу нападнатата забрана на Трамп за посетители од муслимански земји и ќе ја запре изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико за спречување на илегалната имиграција.

Тој исто така ќе постави мандат за носење маски на федерални имоти за да се запре ширењето на Ковид-19; ќе врати заштити на природните резервати отстранети од Трамп; и ќе бара замрзнување на иселувањата и заштита на милиони луѓе со хипотеки кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој исто така планира да испрати предлог-закон до Конгресот за обнова на имиграциската политика и да им даде на милиони мигранти без документи кои живеат во земјата пат до државјанство што администрацијата на Трамп го оспоруваше.

Бајден „ќе преземе акција – не само за да ги поправи најголемите штети на администрацијата на Трамп – туку и да почне да ја движи нашата земја напред”, се вели во изјавата на соработниците.

13:30 Трамп заминува од Белата куќа со багаж од длабоки политички поделби и 400 илјади жртви од пандемијата

Американскиот претседател Доналд Трамп заминува од функцијата по бурниот четиригодишен мандат за време на кој двапати беше отповикан во Долниот дом на парламентот и чиј мандат го обележаа длабоки политички поделби и пандемија што однесе 400.000 животи во државата.

Трамп (74) ќе се збогува со Белата куќа неколку часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден како првиот претседател од Ендру Џонсон во 1869 година кој нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, бидејќи не може да го прифати фактот дека е поразен.

Трамп и неговата сопруга Меланија ќе заминат со хеликоптер до базата Ендрјус во Мериленд, 24 километри од Белата куќа, од каде со претседателскиот авион „Ер форс уан” одат во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Палм Бич пред официјалното истекување на мандатот напладне.

Избркан од Твитер по крвавиот напад на неговите приврзаници на Капитол на 6 јануари, Трамп вчера го искористи стариот метод, соопштение за јавноста преку е-пошта, за да дистрибуира проштално видео во кое се воздржува од вообичаената агресивна реторика и испрати позитивна порака.

„Сега повеќе од кога било, мора да се обединиме околу нашите заеднички вредности и да се издигнеме над фракционата омраза и да ја изградиме нашата заедничка судбина”, рече тој. Бајден не беше споменат во неговиот говор во видеото.

Трамп се соочува со тешката задача да го врати својот имиџ сериозно нарушен од бурното претседателствување, особено во последните месеци. Тој има единствено место во историјата како единствен претседател кој беше двапати отповикан во Долниот дом на парламентот.

Дури и откако ќе ја напушти функцијата, Сенатот ќе му суди под обвинение за поттикнување бунт потврден од Претставничкиот дом во кој демократите имаат мнозинство. Исходот ќе утврди дали тој ќе биде дисквалификуван повторно да се кандидира за претседател.

„Тој ќе биде безначаен претседател, претседател во еден мандат кој направи повеќе штета отколку добро”, рече историчарот Даглас Бринкли, експерт за претседателите на САД во изјава за Си-Ен-Ен.

До последниот ден на функцијата Трамп тврдеше дека му се украдени изборите одржани на 3 ноември минатата година.

Судовите ги отфрлија неоснованите обвинувања од неговите адвокати укажуваа за широко распространета изборна измама додека неговиот потпретседател Мајк Пенс ја предводеше потврдата за победата на Бајден во Конгресот и покрај неговите протести, бидејќи неговите приврзаници беа протерани од Капитол по крвавиот напад.

Вашингтон, од кој заминува Трамп, го чуваат денеска 25.000 припадници на Националната гарда, додека дел од градот е затворен за јавноста поради закани за насилство од групи што го нападнаа Капитол.

Фокусиран на поништување на изборните резултати, Трамп не успеа да го задржи растечкиот број на жртви од коронавирусот, кој досега однесе животи на 400.000 луѓе во земјата, најмногу во светот, додека милиони останаа без работа.

Трамп, поранешен магнат во недвижнини, кој поседува 17 терени за голф низ целиот свет, се соочува со голем предизвик да ја изгради повторно својат расипан бренд.

Њујорк Тајмс напиша дека многу од неговите летувалишта губат милиони долари и дека мора да врати стотици милиони долари долг во рок од неколку години. Трамп исто така мора да одлучи како ќе остане во политиката како што најави. Тој спомена дека преку политички комитет кој собира политички донации, тој може да ги поддржи кандидатите кои ќе се обидат да ги симнат републиканците кои го предадоа политички.

Сепак, само времето ќе покаже дали тој ќе го задржи влијанието во Републиканската партија.

„Би се осмелил да предвидам дека во не толку далечна иднина, американските политички кандидати ќе бидат помотивирани да посочат дека тие не се како Трамп отколку кандидатите кои по 1974 година истакнаа дека не биле како Никсон”, вели историчарот Мајкл Бешлос. Никсон поднесе оставка во 1974 година поради скандалот Вотергејт.

11:12 Се уште е непознато како ќе биде предаден нуклеарниот куфер на Бајден

 Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп нема да присуствува на денешната инаугурација на Џо Бајден, поради што неговото отсуство ќе има влијание на еден од најважните детали – предавањето на нуклеарниот куфер на новиот шеф на Белата куќа.

Воен асистент на претседателот на САД секогаш ги носи куферчињата со нуклеарните кодови Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Официјално нема објаснување како Трамп ќе му го предаде на Бајден нуклеарниот куфер, со кој американскиот претседател во секој момент може да лансира нуклеарни ракети. Куферот го носи воен помошник, кој мора постојано да биде со претседателот.

Вообичаено, куферот се предава на друг помошник, кој стои до новоизбрниот претседател на инаугурацијата. Но, денеска размената ќе се случи поинаку бидејќи Трамп во осум часот по источноамериканско време ќе замина на Флорида и ќе биде претседател до 12 часот.

– Постојат најмалку три, евентуално четири идентични куфери. Еден е со актуелниот претседател, вториот е кај потпретседатело, а третиот традиционално е кај лицето одредено да преживее важни настани, како инаугурацијата. Денеска еден куфер ќе биде надвор од градот, што значи дека само куферот на потпретседателот Пенс ќе биде во Вашингтон, освен ако военатѕа канцеларија на Белата куќа не подготвила еден за Бајден, изјави Стивен Шварц, кој повремено пишува за „Атомик сајентистс” (Atomic scientists).

Прочитајте и...  ВИДЕО: Воздушниот напад на Бајден врз Сирија – симболичен гест, вовед во војна или нешто друго?

Шифрите за активација на Трамп ќе важат до 11 часот и 59 минути по локално време, по што ќе бидат исклучени.

– Во согласност со 20 амандман Доналд Трамп е претседател до 11 часот 59 минути и 59 секунди и до тогаш  има легални овластувања да употреби нуклеарен арсенал, Ако помошникот го прати до Флорида, тој на пладне треба да замине и со куферот да се врати во Вашингтон, посочува Шварц.

Во меѓувреме Бајден ќе го доби својот „бисквит” (пластична картичка со шифрите за нуклеарен напад), најверојатно пред инаугурацијата, како и потпретседателката Камала Харис, но кодоввите ќе бидат активни по 12 часот по локално време.

ВИДЕО | Андоновиќ: Последните часови на мандатот на Трамп – Бајден денеска станува 46. претседател на САД

 

09: 54 Рохани го повика Бајден САД да се врати на нуклаерниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска апелираше до новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден земјата да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година и да ги укине санкциите против Исламската Република Иран.

– Топката сега е во американско поле. Ако Вашингтон се врати на нуклеарниот договор, ние исто така целосно ќе ги почитуваме нашите обврски од договорот, нагласи Рохани.

Тој се осврна и на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

– Кариерата на Трамп заврши денеска и неговата политика на максимален притисок врз Иран целосно пропадна, додаде Рохани.

 

 

Јутјуб го продолжи рокот за замрзнување на налогот на Трамп

08: 03Трамп го помилува Банон и уште 142 други лица во последните часови додека е на функција

 Претседателот Доналд Трамп одлучи да го помилува својот поранешен главен стратег Стив Банон. Одлуката е донесена само неколку часа пред Трамп да ја напушти Белата куќа. Трамп во последните часови од функцијата помилува и други 142 лица, јавија американските медиуми.

Трамп им соопштил на своите соработници дека по долго размислување, решил да го помилува Банон како едно од неговите последни потези додека е на функцијата.

Стив Банон беше обвинет за заговор за измама преку донаторска кампања за изградба на ѕидот ветен од претседателот на границата со Мексико. Последните денови се засилија спекулациите во американските медиуми дека Трамп ќе го прекрши протоколот и ќе се помилува самиот пред да се повлече од функцијата.

Помилувањата ги објави Белата куќа на полноќ по локално време, неколку часа пред крајот на претседателството на Трамп. Сепак, претседателот не потпиша налози за помилување за себе, членовите на семејството или неговиот адвокат Руди Џулијани, кој водеше неуспешни обиди да ги поништи резултатите од минатогодишните претседателски избори, кои Трамп ги загуби.

Трамп ги помилува и раперите Лил Вејн и Кодак Блек, кои беа обвинети за криминалнидела со оружје и поранешниот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, кој беше осуден на 28 години затвор под обвинение за корупција.

Банон беше клучен советник во претседателската кампања на Трамп во 2016 година, но минатата година беше обвинет за измама на приврзаници на претседателот во обид да собере средства за изградба на ѕид на границата со Мексико. Тој се изјасни за невин пред судот.

Претставници на Белата куќа го советуваа Трамп да не го помилува Банон. Двајцата неодамна ја обновија своите контакти, бидејќи претседателот бара докази за неговите недокажани обвинувања за изборни измами, според информиран извор.

Банон (67) е уште еден помилуван политички сојузник на Трамп, кој често ги користеше своите овластувања за да ги казнува своите противници и да ги наградува оние лојални на него.

Тој претходно го помилуваше советникот за национална безбедност Мајкл Флин, обвинет за лажење на ФБИ во врска со разговорите со поранешниот руски амбасадор и ја замени казната на Роџер Стоун, обвинет за лажење на Конгресот за време на истрагата за наводно руско мешање во изборите. 2016 година

Банон сѐ уште може да биде обвинет во државниот суд на Њујорк, каде помилувањето на претседателот нема да помогне, смета Даниел Алонсо, поранешен обвинител кој работи во адвокатската фирма Бакли.

07:45 Хилари Клинтон се сомнева дека Трамп имал телефонскиразговор со Путин пред насилнит упад на негови приврзаници на Капитол

Поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон се сомнева во Доналд Трамп дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин пред немирите во Вашингтон.

Откритието го направи во нејзиниот разговор со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на подкастот „Tи и јас двајцата”.

„Во последните четири години научивме многу за нашиот систем на управување со претседател кој ја презира демократијата”, рече Хилари Кинтон.

Таа истакна дека би сакала да слушне снимки од телефонските разговори на Трамп за да открие дали тој разговарал со Путин на денот кога упаднал Капитол.

Клинтон ја даде изјавата откако Пелоси рече дека немирите на 6 јануари во Вашингтон се „подарок за Путин”. Клинтон најави создавање на специјална комисија во Конгресот за испитување на можните врски меѓу Трамп и Путин.

Истрагата е потребна за да помогне во санирање на штетата направена на „националната безбедност” и да се спречи можноста „марионета” повторно да стане претседател на САД, повика Хилари Клинтон.

07:40 Дел од факти при инаугурација на американски претседател низ годините

Дваесеттиот амандман на американскиот Устав, усвоен во 1933 година, го направи 20 јануари официјален датум за инаугурацијата на американските претседатели. Пред тоа, датумот беше 4 март.

Првиот кој положи заклетва на овој датум беше Френклин Д. Рузвелт – во 1937 година, кога почна вториот од четирите негови мандати. „Луѓето не се заробеници на судбината, туку само на сопствениот ум”, рече тој во својот говор.

Оттогаш, Американците се сведоци на церемониите на повеќе од десет претседатели преку медиумите.

Кога ја презеде функцијата во 1953 година, претседателот Ајзенхауер избра да изрецитира молитва што самиот ја состави.

Во 1961 година, Џон Ф. Кенеди ја изговори историската фраза во својот говор по заклетвата: „Не прашувајте што може вашата земја да направи за вас. Прашајте што можете да направите за вашата земја”.

„Единственото од кое треба да се плашиме е самиот страв”, рече Френклин Рузвелт во 1933 година.

Прочитајте и...  Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Најкраткиот говор бил 135 зборови – од Џорџ Вашингтон, најдолгиот – од 8.445 од Вилијам Харисон во 1841 година.

Линдон Џонсон стана првиот претседател по смртта на Кенеди кој се возел во блиндирана лимузина од Капитол до Белата куќа за неговата инаугурација во 1964 година. Тринаесет години подоцна, Џими Картер ја одбил лимузината и тргнал по традиционалната маршрута со своето семејство.

Можеби една од најдраматичните инаугурации се случи во 1981 година, кога Роналд Реган стана 40-ти претседател на САД. Неколку минути по заклетвата, беа ослободени 52 американски заложници од ирански киднапери кои ги задржаа за време на администрацијата на Картер.

Првата заклетва на американски претседател не беше извршена во Вашингтон, туку во Њујорк, кога Џорџ Вашингтон стана шеф на државата во 1789 година.

Текстот на заклетвата е напишан во Уставот и содржи 35 зборови, со кои претседателот свечено се заколнува.

И покрај тоа, понекогаш има грешки.

Една се случи во 2009 година, кога Барак Обама повтори погрешно дадени зборови од претседателот на Врховниот суд Џон Робертс и заклетвата беше дадена повторно следниот ден во Белата куќа со правилен текст.

Нема барање да се користи Библијата, но тоа е традиција. Сите претседатели од Линдон Џонсон во 1965 година, чија сопруга ја држеше Библијата, положија заклетва врз Библијата. 

06: 50 „Да се зацели е да се сеќава”, Бајден оддаде почит на жртвите на Ковид-19 во САД

Во пресрет на неговата инаугурација како 46 претседател на САД, Џо Бајден синоќа пристигна во американската престолнина и првото нешто што го стори е оддаде почит на 400.000 починати Американци од коронавирусот изминативе 12 месеци. 

Церемонијата, која се одржа пред Меморијалот на Линколн, беше кратка. 

-Да се зацели е да се сеќава. Понекогаш е тешко и тоа, но само така може да се излечиме Тоа е важно да го направиме како нација, затоа сме овде. Помеѓу залезот на сонцето и осамнувањето, нека светат светилките во темнината покрај светиот базен, за рефлексија и сеќавање на сите кои ги изгубивме, кажа Бајден во својот говор. 

Во пресрет на неговата инаугурација како 46 претседател на САД, Џо Бајден синоќа пристигна во американската престолнина и првото нешто што го стори е оддаде почит на 400.000 починати Американци од коронавирусот изминативе 12 месеци.

Церемонијата, која се одржа пред Меморијалот на Линколн, беше кратка.

-Да се зацели е да се сеќава. Понекогаш е тешко и тоа, но само така може да се излечиме Тоа е важно да го направиме како нација, затоа сме овде. Помеѓу залезот на сонцето и осамнувањето, нека светат светилките во темнината покрај светиот базен, за рефлексија и сеќавање на сите кои ги изгубивме, кажа Бајден во својот говор.

Езерото пред меморијалот синоќа беше украсено со 400 лампи, една за секои 1.000 жртви

Исто беше и со некои од главните објекти во САД, како Емпаер стејт билдинг во Њујорк и Вселенската игла во Сиет, што беа осветлени во боја на килибар, во спомен на починатите. Повеќе градови низ САД, од Мајами до Сан Диего, исто така осветлија згради, а Американците беа охрабрени да запалат свеќи на своите прозорци.

Во очи на неговата инаугурација, Бајден започнува со гест на зацелување на нацијата – оддавање спомен на жртвите од Ковид-19. Спротивно на постапките на досегашиот претседател, Доналд Трамп, кој ретко ги споменуваше мртвите, а во добар дел од изминатата година и го негираше коронавирусот.

Полагањето на заклетвата започнува утре во 12 напладне источноамериканско време. Националната алеја, шеталиштете што води од меморијалот до Капитолот на САД, е затвореноа за јавноста поради закани од насилство, по срамните моменти со нападот на Конгресот на 6 јануари.

За првпат во поновата американска историја, церемонијата на скалите на Капитолот денеска ќе се оддржува без публика и без присуства на Трамп, за трансфер на власта од актуелниот претседател во заминување, а во услови на продлабочено зголемена безбедност и присуство на над 20.000 војници од Националната гарда на САД.

Целиот град е блокиран, огради со метални мрежи се поставени насекаде низ центарот, патролира војската, се движат оклопни возила. Неверојатен и прилично тажен факт за мнозинство од Американците.

Националното шеталиште е покриено со илјадници знамиња на САД, кои ги претставуваат илјадниците граѓани кои нема да можат да присуствуваат на денешната инауурација.

Езерото пред меморијалот синоќа беше украсено со 400 лампи, една за секои 1.000 жртви 

Исто беше и со некои од главните објекти во САД, како Емпаер стејт билдинг во Њујорк и Вселенската игла во Сиет, што беа осветлени во боја на килибар, во спомен на починатите. Повеќе градови низ САД, од Мајами до Сан Диего, исто така осветлија згради, а Американците беа охрабрени да запалат свеќи на своите прозорци. 

Во очи на неговата инаугурација, Бајден започнува со гест на зацелување на нацијата –  оддавање спомен на жртвите од Ковид-19. Спротивно на постапките на досегашиот претседател, Доналд Трамп, кој ретко ги споменуваше мртвите, а во добар дел од изминатата година и го негираше коронавирусот.

За првпат во поновата американска историја, церемонијата на скалите на Капитолот денеска ќе се оддржува без публика и без присуства на Трамп, за трансфер на власта од актуелниот претседател во заминување, а во услови на продлабочено зголемена безбедност и присуство на над 20.000 војници од Националната гарда на САД.

 

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Целиот град е блокиран, огради со метални мрежи се поставени насекаде низ центарот, патролира војската, се движат оклопни возила. Неверојатен и прилично тажен факт за мнозинство од Американците. 

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Националното шеталиште е покриено со илјадници знамиња на САД, кои ги претставуваат илјадниците граѓани кои нема да можат да присуствуваат на денешната инауурација.

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Поврзани вести

Пожарникарите од Кочани ноќеска спасуваа бензинска пумпа, цистерна и куќи од запалени стрништа

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Заев и вицепремиерот Николовски

Слободен печат

Најмала пензија земале дури 78.023 пензионери

Слободен печат

По еден месец пауза, пратениците се вратија во собраниските клупи

Нови 473 пациенти во Федерацијата БиХ и 21 починат пациент

Слободен печат

Изградбата се коси со препораките на УНЕСКО за Охрид

Југослава Дуковска

Остави Коментар