17.8 C
Скопје

Јувентус го купил Кин за два трактори

Таткото на Мојс Кин откри дека неговиот син кој ја запали фудбалска Италија откри дека необичен детал од преговорите со Јувентус. Иако неговиот син како мал бил голем навивач на Интер, Биору Жан Кин го прати  малиот Мојс во Јувентус и тоа не за пари туку за два трактори.
Но, за жал, таткото на Мојс сѐ уште не ги добил своите машини.

– Му благодарам на Бога дека Мојс го постигна својот прв гол за Италија. Тоа беше радост за целото семејство. Денес ќе го гледам натпреварот на тимот (со Лихтенштајн) во бар со моите пријатели. Беше фан на Интер поради Обафеми Мартинс. Мојс ме молеше да му купам дрес од него – вели Биору Жан Кин.

Тој вели дека го испратил Мојс во Јувентус затоа што е фан на тимот, но сега има проблем со раководството.

– Тие не ми даваат билети за да го гледам на стадион. Со мојата сопруга сме разделени но таа сакаше да го однесе Мојс со неа во Англија. Им реков на Јувентус дека ќе го натерам моето момче да остане во Италија, но за возврат, морам да ми купат два трактори. Ми рекоа дека нема проблеми, но сѐ уште не ги добив – изјави Кин за „Раи 1″.

Поврзани вести

Димитриевски и Рајо Ваљекано се враќаат во шпанската „Ла Лига“

Слободен печат

ВИДЕО: Имаат гол-разлика 32:0, кога последен пат се затресе мрежата на Италија?

Слободен печат

Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

Слободен печат

Ивановски со бронза од Кипар и нов државен рекорд – на потег се МОК и Атлетската федерација!

Слободен печат

ФОТО: Македонските репрезентативци тренираа на „Јохан Кројф“ Арената

Слободен печат

Ракометарите убедливо загубија на вториот тест со Србија

Слободен печат

Остави Коментар