Хит оглас: Се бара личен асистент кој ќе патува по светот – Слободен печат
ВестиЕкономија

 Хит оглас: Се бара личен асистент кој ќе патува по светот

Овој оглас на социјалните мрежи и на својот Јутјуб канал го објави Метју Лепре, 26-годишен милионер од Австралија

„Најдобрата работа на светот“ вклучува патување ширум светот и престој во скапи хотели, а целата оваа „мака“ се компензира со месечна плата од околу 4.000 евра.

Овој оглас на социјалните мрежи и на својот Јутјуб канал го објави Метју Лепре, 26-годишен милионер од Австралија, кој се занимава со е-трговија и вработува личен асистент или асистентка, која ќе го следи на честите бизнис патувања во Јапонија, Дубаи и на Хаваите.

Задолжението на идниот вработен ќе биде координирање на неговиот густ распоред.

За пријава потребно е да ја посетите страницата ecomwarrior.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close