УБК пратила „хонорарци“ на обука за шпионска опрема

Фото: Архива

„Со службен налог и работни задачи јас и колегата Владимир Варелов петпати бевме пратени на обука за опремата, која ја доби Петтата управа, каде што бевме вработени. Двапати бевме на обука во Минхен. Само јас и колегата Варелов бевме од МВР, а другите двајца не.“

Ова денеска на судскиот процес за случајот на СЈО, познат како „Таргет – Тврдина“ го изјави сведокот Николче Пауновски, кој бил на обука за управување со сега веќе познатата како „Фин Фишер“ шпиунска опрема, со која УБК нелегално прислушувала илјадници граѓани.

Сведокот напомена дека пред неговиот престој во Германија му станало јасно дека бадијала оди на обуки затоа што бил свесен дека нема да оперира со опремата, туку тоа ќе го прават други лица.

Во предметот „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, додека за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот