Тепачка на средношколци во автобус на ЈСП, приведени неколкумина – Слободен печат
Хроника

Тепачка на средношколци во автобус на ЈСП, приведени неколкумина

– Нема оштетувања на автобусот, ниту повредени патници, потврдија од ЈСП.

Неколку средношколци попладнево се степаа во автобус број 5 на ЈСП кој сообраќал на булеварот „Теодосиј Гологанов” кон Центар, јавува МИА.

– Нема оштетувања на автобусот, ниту повредени патници, потврдија од ЈСП.

Инцидентот во ЈСП е пријавен во 14:30 часот, а како што информираа оттаму, случајот го презема Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека е излезено веднаш на местото на настанот и приведени се дел од учесниците во физичката пресметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close