СДСМ не отстапува за СЈО по двата неуспешни обиди за договор

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, денеска објави дека владеачката партија нема да отстапи ништо во корист на ВМРО-ДПМНЕ за статусот на СЈО по двата пропадната обиди за договор за измените на Законот за јавното обвинителство, во чии рамки треба да се регулира и статусот на оваа институција.

– Немаме намера ништо да отстапиме. Тоа е во согласност со препораките на ЕУ. Најголемата опозициска партија е таа која не го поддржува тој процес. За нас е неприфатлива амнестија за криминалите од претходната власт, изјави денеска Костадинов на брифингот за новинарите.

Суштинскиот судир во обидите да се најде консензуално решение пред двотретинското гласање за законот е тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара СЈО да не биде независно тело, туку да оди под капата на основното обвинителство и да се најде полесна можност за промена на главната обвинителка Катица Јанева.

Видео на денот