Роналдо го пропушта првиот дуел со Ајакс

EPA-EFE/MANUEL DE ALMEIDA

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Ајакс кој се игра на 10 април.

Роналдо се повреди играјќи за португалската репрезентација во квалификациите за ЕП 2020 против Србија кога при еден дуел го повреди бутниот мускул. Последните медицински прегледи кои вчера беа извршени во Торино покажаа дека повредата воопшто не е наивна и потребно е подолго време за рехабилитација.

Според првичните информации, Португалецот ќе одмора во наредните две недели што значи дека ќе ги пропушти дуелите со Емполи, Каљари и Милан со Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот