Пик Сегед е пречката за Вардар кон Ф4

EPA-EFE/SANDOR UJVARI

Унгарскиот Пик Сегед е противникот на македонскиот шампион Вардар во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони. ПИК Сегед во вечерашниот реванш дуел од осминафиналето по втор пат беше поуспешен од Висла Плоцк, овој пат победувајќи со 23:16.

Сегед фантастично го започна натпреварот, па уште на стартот направи значителна предност и на полувремето заминаа со предност од пет гола (13:8). Разликата ја одржуваа и во второто полувреме, а на крајот остварија победа со седум гола разлика. Во првиот дуел, унгарскиот тим како гостин славеше со 22:20.

Првиот дуел помеѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се игра во Скопје на 27 или 28 април, додека реваншот е закажан за 4 или 5 мај, а подобриот од овој двобој ќе обезбеди пласман на завршниот турнир кој се игра во Келн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот