Пешиќ: Ако продолжиш вака, ќе те остави девојката

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Светислав Пешиќ, тренерот на кошаркарскиот тим на Барселона е полн со пофалби кон својот играч Роландс Шмитс. Притоа тие пофалби ги искажа на ироничен начин.

– Тој буквално живее во салата. Го прашав дали има девојка и тој ми кажа дека има. Морав да му објаснам дека ако продолжи да тренира со овој ритам, по цел ден, постои голема веројатност дека девојката ќе го остави. Шегата на страна, Шмитс вредно работи и навистина сум среќен поради него, изјави Пешиќ.

Летонскиот кошаркар во 2017 година пристигна во Барселона, и по едногодишна позајмица, оваа сезона е дел од каталонскиот тим. Пешиќ верува во квалитетите на Шмитс, кој на последниот натпревар постигна 10 поени и имаше 5 скокови.

Видео на денот