Парондо не сака опуштање: Сакам да одиграме за самодоверба

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, ги предупреди своите ракометари дека убедливата победа од првиот дуел против Загреб не смее да ги опушти и очекува максимална ангажираност и во реваншот в сабота. „Црвено-црните“ на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите како гостин го декласираа Загреб со 27:18 и се очекува саботниот реванш во спортскиот центар „Јане Сандански“ (19.30 ч.) да претставува формалност.

– Имаме одличен резултат, но никако не смееме да се опуштиме бидејќи Загреб е одлична екипа и тоа не смее да се заборави. Сакам на најдобар можен начин да го одиграме и реваншот иако ќе се обидеме да им дадеме шанса на повеќе резултати за да добијат поголема самодоверба во пресрет на финишот на сезоната – вели Парондо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот