Минималец на Вардар, петка на Шкендија

Тетовчани сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме кога преку Алими, Тотре и Бејтулаи поведоа со 3:0, додека во вториот дел Радески и Жуниор ја тресеа мрежата на Победа која пак почесниот погодок го постигна преку Макота. Вардар со голот на Цветановски во 55 минута дојде до минимална победа над Силекс со која остана на втората позиција на табелата.

Предноста на домашниот терен ја искористија струмчките екипи,  Академија Пандев и Беласица. „Пандевци“ со 2:1 ја совладаа Ренова, а Беласица го совлада Шкупи со 2:0. Во последниот дуел Македонија ЃП и Работнички ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Резултати:
Академија Пандев – Ренова 2:1
Беласица – Шкупи 2:0
Македонија ЃП – Работнички 1:1
Шкендија – Победа 5:2
Вардар – Силекс 1:0.

Табела: Шкендија 56 бода, Вардар 48, Академија Пандев 45, Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 32, Македонија ЃП 30, Силекс 24, Беласица 22, Победа 18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот