Косовското МВР тврди: Немаме информации каде се Демири и Исмаиловиќ, но ќе соработуваме со Скопје

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм”.

Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash”, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.

– Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.

Прочитајте и...  Груевски: Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене

Поврзани вести

Времето денеска сончево со мала облачност

Слободен печат

Владата ќе расправа за новите мерки, а Собранието за законски измени за справување со коронавирусот

Слободен печат

Бугарскиот ѕид кон ЕУ сè потежок за прескокнување

Соња Христовска Угриновска

Расте бројот на заразени во градинките, надлежните будно ја следат состојбата

Слободен печат

Три лица се тепале пред хотел во Центар

Слободен печат

Таравари: Ако на локалните избори ДУИ коалицира со СДСМ, ние ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Остави Коментар