Како изгледа животот во вила на еден гувернер

Гевин Њусом неодамна станал гувернер, што значи дека тој и неговото семејство мора да се преселат таму каде што се извршува функцијата, што во овој случај е Сакраменто, престолнина на државата. Со самото тоа, тој одлучил да ја продаде својата елегантна вила со пет спални соби во Сан Франциско. Нејзината цена изнесува 5.995 милиони долари.

50-годишниот градоначалник на Сан Франциско и неговата сопруга која се занимава со снимање на документарни филмови, Џенифер Сибел Њусом, купиле двоспратна куќа во 2011-та година, по цена од 2.2 милиони долари.

Сместена на површина од 1.37 хектари, на мала оддалеченост од градот, куќата е дизајнирана од страна на славниот архитект Ворлеј К. Вонг и е компелтирана во 1950-та година. Благодарение на своите прозори од подот до покривот, оваа куќа ви дава прилика да уживате во панорамската глетка на градот, заливот и планината Тамалпаис.

Прочитајте и...  Фотограф ги претвара трудниците во принцези од Дизни! (ФОТО)

Додека била во сопственост на гувернерот и неговата сопруга, куќата поминала низ два екстензивни процеси на реновирање, при што последното било предводенo од архитектот на славните, Џули Даулинг. Сега, оваа куќа има елегантни линии, стаклена површина, како и современа сива и бела боја. Нејзината кујна и шесте бањи се како море со бела боја, иако изгледот на кујната е ублажен со под од богат даб.

Со четири деца под 10 години, јасно е дека ова била вистинска семејна куќа, со соби кои се опремени со кревети на спрат, колевки и плишани играчки.

Во екстериерот, густата жива ограда и возвишената позиција на куќата допринесуваат за чувство на приватност и ќе ви дадат можност за уживање во базенот и спа катчето, видиковецот и камперскиот оган, без страв дека ќе ве гледа некој кој не треба.

Прочитајте и...  Листа со холивудски ѕвезди кои излажале за да добијат улога: Клуни и Крег најмногу се посрамотиле!

Њусом инаку е страствен поддржувач на обновливите извори на енергија, па неговата куќа содржи соларни панели кои го покриваат поголемиот дел од покривот.

Прочитај повеќе

Ставена на аукција слика од Ботичели која се проценува на 80 милиони долари: Постојат само 12 портрети направени од овој сликар! (ФОТО)

Слободен Печат

Фотограф ги претвара трудниците во принцези од Дизни! (ФОТО)

Слободен Печат

Последните три цифри од вашиот телефонски број откриваат што ви недостасува во животот!

Слободен Печат

Интервју со Александар Ношпал, костимограф и моден дизајнер: Балетскиот костим е врв во креирањето облека 

Јасмина Кантарџиева Димков

Виц на денот: Папагал

Слободен печат

Нов урнебесен тренд на интернет: Луѓето ги глумат своите партнери (ВИДЕО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пиел по 50 кафиња на ден: Најчудните навики на познатите писатели!

Слободен Печат

Сицилија дава по 3.000 евра за младенците што ќе се венчаат на островот

Слободен печат

Виц на денот: Фрижидер

Слободен печат

Децата во Кина не знаат што се табла и креда: Погледнете ја напредната технологија во училиштата! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Изгубил на изборите, а бил единствен кандидат: Најневообичаената трка за градоначалник во Италија!

Слободен Печат

Дваесет цитати на Лав Николаевич Толстој: Најголемиот романсиер на светската литература!

Слободен Печат