Иднина на Гатузо не е приоритет за Милан

EPA-EFE/GIORGIO BENVENUTI

Директорот на Милан, Леонардо не размислува за промена на тренерот Џенаро Гатузо. По двата порази на „росоњерите“ прво од Интер (2:3), а потоа и од Сампдорија (0:1) станаа погласни шпекулациите дека Гатузо можеби нема да го дочека крајот на сезоната на клупата на Милан.

На ваквите шпекулации стави крај Леонардо кој побара играчите и тренерот да бидат фокусирани на реализирање на главната цел, пласман меѓу првите четири екипи во Серија А кој носи во Лигата на шампионите наредната сезона.

– Треба да бидеме зрели и да се справиме со моменталната ситуација, да ги надминеме проблемите и да ја постигнеме главната цел, да обезбедиме пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до Гатузо, тој има договор со Милан и никогаш не сме дискутирале за негова смена – вели Леонардо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот