Жикица Тасевски си поднесе оставка по поразот од Вардар

Жикица Тасевски има важечки договор со грчкиот клуб Ксанти/фото:fkrabotnicki.com

Жикица Тасевски по поразот од Вардар (0:2) поднесе неотповиклива оставка од тренерската функција во Работнички. Тоа е трет пораз во низа за „романтичарите” а Тасевски ја презеде одговорноста поради слабите резултати.

– Поднесов неотповиклива оставка поради за мене неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено, искрено, секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела. Резултатски не бевме најдобри, тоа треба да го признаеме, а кој го познава денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа кои ни беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница кон нови успеси достојни за клуб каков што е Работнички –  изјави Тасевски за клупскиот сајт.

Работнички попладнево во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига загуби од Вардар со 2:0 и падна на шестото место на табелата со 33 бода, дури 20 помалку од лидерот Шкендија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот