Жикица Тасевски си поднесе оставка по поразот од Вардар

Жикица Тасевски по поразот од Вардар (0:2) поднесе неотповиклива оставка од тренерската функција во Работнички. Тоа е трет пораз во низа за „романтичарите” а Тасевски ја презеде одговорноста поради слабите резултати.

– Поднесов неотповиклива оставка поради за мене неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено, искрено, секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела. Резултатски не бевме најдобри, тоа треба да го признаеме, а кој го познава денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа кои ни беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница кон нови успеси достојни за клуб каков што е Работнички –  изјави Тасевски за клупскиот сајт.

Прочитајте и...  Велкоски со „златни“ букви запишан во историјата на Сараево

Работнички попладнево во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига загуби од Вардар со 2:0 и падна на шестото место на табелата со 33 бода, дури 20 помалку од лидерот Шкендија.

 

 

Прочитај повеќе

Поранешниот НБА шампион ќе се грижи за ќерката на убиениот Џорџ Флојд

Слободен печат

Топ 10 легендарни изјави на Мухамед Али

Слободен печат

Мухамед Али на денешен ја загуби најважната битка, за сопствениот живот (ВИДЕО)

Слободен печат

Сопруга на српски репрезентативец кој игра во САД шокира со коментарите: Полицијата треба да ве тепа повеќе

Слободен печат

Еве зашто беше најдобар: Како Роналдо ги понижуваше елитните дефанзивци (ВИДЕО)

Слободен печат

Луди мерки во Англија: Фудбалерите во дресови на терен директно од своите автомобили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тајсон го преплашил на смрт и Трамп, му упаднал во канцеларијата

Слободен печат

Војната во макбаскетот продолжува: МЗТ Скопје си ги бара парите од КФСМ назад, во спротивно следи тужба

Слободен печат

Манчестер јунајтед се подготвува за сензационален потег, трансфер со кој би ја шокирал јавноста

Слободен печат

Барселона најде купец за Дембеле

Слободен печат

Педро ја продолжува кариерата во Серија А!?

Слободен печат

Шундовски е нов тренер на Ал Рајан

Слободен печат