Еурофарм со пораз се прости од Европа

фото: Еурофарм Работник

Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз ги завршија настапите во ЕХФ Купот. Битолчани во последното 6. коло во рамките на Б групата загубија со 30:27 на гостувањето кај Ѓер.

За разлика од првиот натпревар во Битола кој унгарскиот тим победи со убедливи 10 голови предност (31:21), овој пат ракометарите на Еурофарм одиграа далеку поквалитетно и 40 минути беа рамноправен противник но немаа доволно сили за да дојдат до поволен резултат.

Владислав Осторушко со девет голови беше најефикасен во тимот на Еурофарм, а по четири голови постигнаа Маркоски, Кузмановски, Граџан и Ѓукиќ.

Во шест натпревари во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник оствари учинок од една победа и тоа над Нексе (29:28) и пет порази со кои го освои последното четврто место во Б групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот