Дознајте што може да ви направи еден алкохолен пијалок дневно

Најновите истражувања укажуваат на тоа дека само еден алкохолен пијалок или два во текот на денот може да бидат поврзани со ризик од појава на висок крвен притисок, пренесува Health24.

Претходни студии дошле до заклучок дека мала количина алкохол може да помогне при работата на вашето срце, но ригорозното ново истражување сугерира на спротивното. Имено, се открива дека еден пијалок или два на дневна база е поврзано со зголемениот крвен притисок.

„Мислам дека ова ќе биде пресврт за клиничката пракса, како и за идните истражувања, образованието и јавната здравствена политика во врска со консумирањето на алкохол”, рекол главниот автор на истражувањето д-р Амер Аладин, кардиолог.

Ова е првото истражување од овој вид кое покажува дека тешкото и умереното консумирање на алкохол еднакво може да ги зголеми шансите за настанување на хипертензија. Имено, тимот на Аладин откри дека дури и умерената консумација на алкохол, седум до 13 пијалаци неделно, ги зголемува шансите за висок крвен притисок.

Во истражувањето учество земале повеќе од 17.000 возрасни Американци, а откриено е дека умерените консумирачи имале за 53 % поголема веројатност за развивање на хипертензија од прв степен и два пати поголема веројатност дека ќе имаат сериозна хипертензија во вториот стадиум во споредба со луѓето кои не пијат.

Исто така, тешките алкохоличари имале за 69 % поголема веројатност дека ќе имаат хипертензија од прв степен во однос на останатите. Наодите се одразија и на просечното вчитување на крвен притисок, чии вредности значително биле нарушени.

Студијата официјално ќе биде претставена на 17 март во Њу Орлеанс. Иако истражувачите не успеале да ги докажат причините и последиците од настанувањето на овие состојби, тие истакнале дека ги земале во предвид и другите фактори на ризик за зголемување на крвниот притисок како што се староста, полот, расата, социјалните фактори и севкупниот ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот