Денеска во Скопје ќе можете да платите кафе со поезија

Фoто: Профимедиа

Акцијата „Плати со поезија“ на брендот на кафе „Јулиус Мајнл“ по повод Светскиот ден на поезијата денеска ќе се одржува на осум локации во Скопје.

Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе, оваа година ќе се одржува во 40 земји.

За разлика од минатите, оваа година сите што ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл. Само шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни 2019 година.

-Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem, наведува организаторот.

Осумте угостителски локали во Скопје во кои заинтересираните може да платат кафе со поезија годинава се: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар-бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот