„Воините“ не го даваат врвот во Западот (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Екипата на Голден стејт вориорс останува лидер во Западната конференција откако со 118:103 го победи Мемфис. Вечер за паметење имаше Кевин Дурант, кој натпреварот го заврши со 28 поени, притоа погодувајќи 12 шутеви и имаше само едно промашување. Мајк Конли даде 22 поени за Мемфис, со што стана најдобар стрелец во историјата на „гризлите“, поминувајќи го Марк Гасол, кој минатиот месец беше разменет во Торонто.

Оклахома сити триумфираше над Индијана со 107-99, благодарение на одличната трета четвртина што домашната екипа ја доби со 31-15. Пол Џорџ беше најдобар поединец на натпреварот со 31 поен, додека Расел Вестбрук оствари уште еден трипл-дабл, реализирајќи 17 поени, 11 скока и 12 асистенции.

Резултати:
Чикаго – Портланд 98-118
Мемфис – Голден стејт 103-118
Oклахома сити – Индијана 107-99
Феникс – Вашингтон 121-124
Јута – ЛА Лејкерс 115-100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот